Земјотрес со јачина од 3,3 степени по Рихтер утринава бил почувствуван во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 10 часот и 24 минути, со епицентар кој се наоѓа 35 километри западно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Тетово – Гостивар.
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во регионот Тетово и Гостивар.