Денес Сверна Македонија во целост е лидер во искористеноста на ИПАРД средствата, со 98% искористеност на ИПАРД 2 програмата. Ја поедноставивме администивната процедура, ги доближивме мерките до сите заинтересирани. И земјоделците и производителите знаеја да ги препознаат овие придобивки. Резултатот е склучени над 2 илјади и триста договори во ИПАРД 2 програмата и за 60% зголемени нови неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата, истакна премиерот Димитар Ковачевски во посета на компанијата „Вивакс“.
Тој посочи дека денес се во посета на една од најуспешните македонски комапнии кои три децениии успешно градат свој имиџ дома, но и на странските пазари преку препознатливиот бренд Сокови Вива.
„Обично за компаниите велиме дека извезуваат во регионот, меѓутоа оваа компанија извезува на повеќе континенти што ја прави повеќе успешна на светски рамки. Во Северна Македонија има има успешни приказни како Вивакс и која благодарение на ентузиазмот на и иновативните идеи, вложувањето во модернизирањето на производството денес освен сокови својота палета на производи ја имапроширено со нови видови на преработки од овошје кои се произведени како уникатен македонски бренд. Тие успешно ги имаат искористено мерките од ИПАРД програмата за нови инвестиции во производството“, потенцираше Ковачевски.
„Досега компанијата има добиено над 900 илјади евра, пари кои помогнале за зајакнување, за модернизација и за зголемување на производствените капацитети и процеси. Компанијата има во тек уште еден проект преку ИПАРД 2 програмата со кој ќе треба да добијат финансиска поддршка од над осумстонити илјади евра, се работи за воведување на нови современи производствени линии коишто се од врвно светско производство на машини и со тоа вкупната помош којашто ја имаат од ЕУ преку ИПАРД програмата е 1,7 милиони евра“, заклучи Ковачевски.