ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Три концерти на втората вечер на 42. издание на Скопскиот џез фестивал 

October 20, 2023 09:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

По синоќешното блескаво отворање на 42. издание на Скопскиот џез фестивал со концертите на Јан Банг и Арве Хенриксен со Џијан Емин и Fame’s Institute Orchestra во Националната опера и балет, како и на ансамблот на Бен Ламар Геј во МКЦ, фестивалската програма продолжува денес со три различни, но исклучително интересни концертни настапи.

Најпрвин, легендарниот италијански саксофонист Роберто Отавијано со својот актуелен проект „Eternal Love“, посветен на Африка, нејзината култура, музика и луѓе, во ера на миграции и расна нетрпеливост што опасно нè потсетува на Америка од 50-тите и 60-тите години. Заедно со својот блескав квинтет, Отавијано нè води на возбудливо патување, во потрагата по звук и јазик што ќе ги обедини слободната импровизација, славната традиција на џезот и културните корени.

Во вториот дел од концертната програма во НОБ ќе го проследиме концертот на дуото Силви Курвоазие и Мери Халворсон, прославени современи импровизаторки кои на апстракцијата ѝ пристапуваат од две различни перспективи: Курвоазие како пијанистка што ги премостува фри џезот и европската класична музика, и Халворсон како деконструктивна гитарска импровизаторка, силно поврзана со бруклинската авангардна џез сцена. Нивната музика има во себе нешто треперливо, понекогаш збунувачко, а на слушателите им задава предизвикувачка задача: да ги замислат заедно конструкцијата и негацијата како процес, да ги слушаат хармониите во нивната декомпозиција, да го разберат непознатото како утописка потрага по поинаков јазик, накратко: како една прекрасна авантура.

Вечерашната програма ќе ја заокружи домашниот џез состав Cobalt Code Unit, со полноќен концерт во Младинскиот културен центар,  Се работи за четири млади музички аскети кои, низ призмата на авангардниот израз, ги контемплираат хоризонтите на современиот џез, слободната импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж. Пред почетокот на нивниот настап, ќе биде врачена традиционалната награда „Најдобар млад македонски џез музичар“, што годинава ја освои тапанарот Драган Теодосиев. Влезот за полноќниот концерт на Cobald Code Unit е слободен.

Повеќе детали за фестивалот: www.skopjejazzfest.com.mk
Инфо за билетите: http://www.skopjejazzfest.com.mk/bileti.asp

Tags: Скопски џез фестивал
Next Post

Костадиновска-Стојчевска на промоцијата на обновеното пацио: Заводот и музеј Битола е една од институциите што има најголема искористеност на европските фондови

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk