Водечките руски државни медиуми, Z-Телеграм каналите, но и еден бугарски информативен портал, Глас њуз. бг, шират дезинформации за наводна престрелка меѓу украинската војска и суданските вооружени сили во Судан. Како резултат на тоа, наводно загинале осум украински и 10 судански војници.
Се наведува дека конфликтот настанал поради „поддршката на Украинците за нападите на Израел врз Појасот Газа“. Пропагандистите се повикуваат на „суданскиот медиум“ Ал-Машхад Ал-Јемени, пренесува Укринформ.
Така, руските пропагандисти едноставно ја измислија веста за смртта на украинските војници во Судан и се повикаа на малку познат јеменски сајт кој нема никакви информации за тоа.
Украинските војници навистина беа во Судан во пролетта 2023 година. Тогаш 10-тина специјални агенти на Главната управа за разузнавање спроведоа единствена специјална операција за спасување на територијата на Судан, од која беа извлечени повеќе од 60 Украинци.
Преземено: Цивил Медиа