ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина: Две лица убиени во руско гранатирање во регионот Харкив; повредени 4 лица во 86 напади врз регионот Херсон; 16 повредени во Хмелницки

October 25, 2023 09:57
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС

Изминатите 24 часа, според извештаите на Укринформ, жестоки руски напади врз цивилни објекти во неколку региони во Украина. Руската армија изврши 86 напади врз регионот Херсон, при што беа повредени четири лица. Две лица биле убиени во артилериско гранатирање во регионот Харкив. Во областа Шепетивка во регионот Хмелницки повредени 16 лица.

Вечерта на 24 октомври, руските напаѓачи извршија воздушен напад во регионот Херсон. Можно е да има луѓе под урнатините на местото на еден од ударите, објави Олександр Прокудин од Регионалната воена управа на Херсон.

„Синоќа окупаторите извршија напади со различни видови оружје. По 22 часот непријателот фрли 13 наведувани бомби. Во тек е спасувачка операција на местото на еден од ударите. Можно е да има луѓе под урнатините”, истакна Прокудин.

Според него, регистрирани се вкупно 35 напади со наведувани воздушни бомби во периодот од 6 часот на 24 октомври до 6 часот на 25 октомври.

Руската армија, исто така, изврши ракетен напад со борбен дрон Шахед.

Размерите на уништувањето се прецизираат, истакна гувернерот.

Во текот на изминатиот ден, руската армија изврши 86 напади врз регионот Херсон, при што беа повредени четири лица.

Две лица биле убиени во артилериско гранатирање на селото Подоли во округот Купјанск во регионот Харкив. Синоќа руските трупи го нападнаа и селото Борова со артилерија од МЛРС.

„Синоќа, по 23 часот, непријателот со МЛРС го нападна селото Борова во областа Изум. Според прелиминарните информации, нема жртви“, објави на Фејсбук началникот на Регионалната воена управа во Харкив, Олех Синиехубов.

Според него, двајца мажи, 57 и 50, биле убиени во артилериско гранатирање на селото Подоли во округот Купјанск. Оштетени се приватна куќа, помошни згради и два автомобили.

Во текот на изминатиот ден, техничари за бомби на Државната служба за вонредни состојби на Украина прегледаа повеќе од 15 хектари територија и деактивираа 194 експлозивни предмети.

„Активните борби продолжуваат во правец на Купјанск. Во текот на изминатиот ден, нашите бранители одбија 10 непријателски напади во областите Синкивка и Иванивка. Непријателот не напредуваше и претрпе загуби“, додаде Синиехубов.

Како што е соопштено, непријателот во изминатите 24 часа извршил шест ракетни напади, 51 воздушен напад и 66 напади со МЛРС. Загинаа и повредени се цивили. Уништени и оштетени се станбени блокови, приватни куќи, цивилни инфраструктурни објекти.

Во областа Шепетивка во регионот Хмелницки, голем број на ракети беа пресретнати пред да паднат на критична инфраструктурна постројка, вели Сергиј Тиурин, прв заменик началник на регионалната воена управа Хмелницки.

„Од експлозивниот бран оштетени се станбени простории, домаќинства и возила. Досега со различни повреди се здобиле 16 жители од околните домови“, се вели во соопштението.

Предупредувањето за воздушен напад излезе во текот на ноќта во средата во голем број украински региони поради закана од напади со беспилотни летала.

Подготви: Ј. Ѓ.

Tags: Војна во УкраинаРуска агресија
Next Post

РУСКИ СВЕШТЕНИЧКИ ИСПОВЕДИ: Забрането ни е да се молиме за мир!

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk