ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мицкоски сака да биде Орбан, Орбан сака да биде Путин, и што тука не е јасно?!

October 26, 2023 15:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Има една општа дефиниција која е типична за сите автократи, поточно, булиевци и насилници: кога таквиот ќе заземе простор (посебно државата), потоа негови се и крајните корисници (покрај парите и инструментите на присила и закана!) – граѓаните и нивните домови. Не гледа „кутриот автократ“ што е тоа јавно, а што е тоа приватно – гледа на перверзен (во основа депресивен!) начин како нему му припаѓа сè.

И како што ние во нашите домови се „разгаќуваме“ од спална соба до дневна и назад, така и тие се „разгаќуваат“ низ целиот државен посед. Секој има своја комфорна позиција: еден сака да го прошири својот имот на штета на комшијата, ама мнозинството мирно коегзистира во меѓусоседска безгрижност со полно „братско“ разбирање, па дури и меѓусоседско посетување, частење, дури и тапшање по рамената, љубење образ-на-образ… Уживаат во својот имот, еден на друг си ја претставуваат својата територија: „глееееееј, брате, ова е сè мое до онамуууууу… гледаш, не се догледува матер му ебам“!

Е, тука во овој сликов ламент, има еден „малечок“ детаљ: нашата слобода ја проектираме во име на нашата ситна „рачуница“, а тие ја проектираат својата (територијална) слобода во име и за сметка на сите нас. И одамна не нè прашуваат ништо околу тоа, оти, нели, Боже мој, тоа не е наше, ами е нивно. А, пак, што има ние нешто да мислиме, што би рекол Радован „трети“? Ние ако нешто мислевме или не дај Боже читавме… Кога овој народ нешто читал – Руменка чита један љубавни роман 15 година.

Меѓутоа, има уште еден интересен детаљ: Христијан Мицкоски, одврти-заврти, нема месец а да не отиде кај неговиот идеолошки татко, Орбан, Виктор Орбан од Унгарија. Добро, прво, Македонија, факт, нема значење како што има една Полска или Унгарија во Европа. Второ, Македонија не е членка на Европската унија, и по сè изгледа дека овие две работи не се корисни за нас. Заради тоа, пак, многу се корисни за сите автократски структури кои се нaмeрачиле да ја преземат цела држава и сите нејзини институции.

Од „европска“ перспектива, јасно е дека проширувањето нема да продолжи, од причини кои се интерни и структурни во самата Европа, и тука нема да има некакво напредување дури и кога Македонија би била најпримерна и најпрогресивна во секој поглед. Од „македонска“ страна, ова претставува неверојатен изговор за да се врати десницата на власт и ги растури сите оние институции кои се направени досега. Поточно, после комплетниот банкрот на државата и нејзините институции од 2017 година, повторно засилени се најлошите струи во земјата, за, сосема логично и предвидливо – повторно да ја банкротираат.

Единствено кое ме плаши е што „сите се прават луди“ пред таквата очигледна декаденција и дегенерација на целокупниот демократски живот во земјата. И покрај отворањето на европските поглавја, ситуацијата во земјава е драматична и конфузна.

Орбан, од друга страна, си бара и „пелцува“ нови сојузници, било да се надвор од ЕУ или внатре. Секое негово сојузништво ќе претставува причина за нова кавга со Европа. Или да речеме вака: Орбан може да заговара Европска иднина за Северна Македонија, ама во основа таа поддршка е само начелна: Орбан бара сојузници кои ќе бидат за него, а против Европа. Мислам, кој тоа не го гледа, ништо не гледа.

Унгарија е зависна од Рускиот гас со 85%; Орбан, сосема логично, е јуришник на Путин. Тоа е човек што заговара дека на Украина не треба да ѝ се помага со ништо воено и безбедносно. Еден од најбруталните противници на плурализмот, различноста во унгарското општество, монструозните изјави против мигрантите, потребата за теории на заговори кои продуцираат „чисти раси“ е омилена шоља чај за Виктор Орбан.

Натаму, Виктор Орбан поддржува малцинство, ама малцинствата ги разбира како поддршка за фудбал, а не за човекови права, што претставува една опскурна бизарност. На пример, „Владата е секогаш отворена кога се работи за малцинства“, вели Мароши, некој бизарен фиќфириќ на Орбан, и продолжува: „владата мисли дека спортот е стратешко значење и клуч за одржување на заедницата во живот. Спортот е врзан и за концептот на патриотизмот и се смета за важен дел за образование на идентитетот“.

Гледате и сами, земја која демократски е пропадната, земја во која не се почитуваат иднивидуалните човекови права, секогаш игра на популизам и фудбал, таа омилена играчка на сите автократи и булиевци. Лани, година 2022, откриено е дека Унгарија ги шпионира своите граѓани – вклучително новинарите, сопствениците на медиумските компании и политичарите. Таквиот пробив го прави благодарение на најсовремена израелска опрема со име „Пегасус“. Гласините за прикриено прислушување и таен надзор на новинарите со години се шири, пишува BIRN.

Како одеше аналогијата? На почетокот беше Груевски? Не, вака оди аналогијата. На почетокот беше Путин. Тој, таквиот, како што гледаме, има намера да биде доживотен. Тука е, гледаме, оној полски кловн Качински, и тој има намера да остане на власт доживотно. Во Унгарија, од бизарен „либерал“ и соросоид, стана „великиот Орбан“ кој цело време сака да биде Путин. А Путин, рековме, сака да биде Путин доживотно. Тука беше и Груевски, а и тој на почеток беше „мек“, да не речам „либерален“, потоа ни отврдна, стана насилен, па едвај го набркавме, а и тој сакаше да биде Путин, или Орбан, или Качински. Има овде уште ситни кловнови, кои, фала му на Бога не држат исти територии и геополитички не се толку важни, ама, сепак, заедничко на сите им е што влегуваат во метафората по звучност. А и не само тоа: заедничкото на сите им е „по дифолт“.

Што е тоа „по дифолт“? Па тоа, сите овие сакаат да бидат Путин! А Христијан Мицкоски на сите вакви поголеми или помали кловнови им е брат, пријател и соработник. Се обожаваат јавно, пипкајќи се и гушкајќи се пред камери. Се гледаат в очи и се љубат во образи. Учат еден од друг, и се конкурираат меѓу себе колку слободи во своите земји ќе блокираат и загрозат. И за тоа ниту се срамат а богами и ниту се кријат.

Би се убиле меѓу себе, на големо задоволство, само кога еден од нив би станал Путин, оној вечен и доживотен.

 


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскиНЕНАД ЈОВАНОВИЌОрбанПутин

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

„Си-Ен-Ен“: Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“

May 20, 2025

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции за Сирија

May 20, 2025
Фото: МИА

Законски регулирана дополнителната и сезонската работа во државата

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам е да ѝ даваш на државата мир и соживот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милијарди зад затворени врати: Бранимир Јовановиќ предупредува на нетранспарентноста и ризиците од новите „стратешки партнерства“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk