Исмет Рамадани со своето гостување на Канал 5 телевизија покажа дека поддржувачите на слободата на говорот, политичката аргументација и квалитетната дебата сè уште се борат со минатото, регресијата и цензурата, вели во изјава за Цивил, новинарот Дестан Јонузи, по повод немилиот инцидент во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, во која се вмеша директорот Иван Мирчевски и буквално го избрка гостинот од студиото – угледниот интелектуалец и експерт, Исмет Рамадани.
Зошто изјавата на Исмет Рамадани ги разбранува националистичките духови? = прашува Јонузи.
– Како мирољубив човек кој верува во демократските вредности и човековите права, Рамадани во телевизиската дебата сакаше да ја објасни својата теза за изградба на заедничка држава, како и за почитување на културните и етничките разлики што ги имаме. Неговата теза за „Албанците… Албанците…“ беше дека не е здраво за државата да се прават вакви квалификации и дека мора заедно да ја градиме иднината на државата без етнички предрасуди. Бруталната интервенција на директорот на телевизијата во дебата каде аргументите треба да се соочат и да не се користат фашистичко-исклучувачки методи, за да неговото уво да не слушна поинакви аргументи освен оние што сака да ги слушне, покажува за нивото на дебатната култура и слободата на говорот, нагласува Јонузи.
Тој потенцира дека, дебатните емисии се за да се дебатира, ако некој имал поинаква теза или аргумент од таа на господинот Рамадани, можел со аргументи да го сруши, а не да се појави како „бог“ и на кукавички начин да бара исклучување.
– Водителот на дебатата, ако се повикаме на професионализам, требаше да не дозволи да се вклучи неговиот директор, бидејќи беше непоканет гостин, вели Јонузи.
Од друга страна Лулзим Хазири – поет и активист за човекови права реагираше со пост на Фејсбук.
„Директорот на Канал 5 го третира својот медиум како трафика – кога сакам ја отварам, кога сакам ја затварам. Им диктира на новинари да прекинуват емисија, без да води грижа дека тоа е неприкосновено право на самиот новинар! Овој е случај за АВМУ, за СЕММ и за суд! Феудализам!“, напиша Хазири.