Синоќешното однесување на директорот на Канал 5 е директен атак врз она што треба да е основен стандард на независното новинарство и независната уредувачка политика. Цензурата и спречувањето на слободата на говор ги живеевме долги години и синоќа се потсетивме како изгледаат, истакна пратеничката Санела Шкријељ во изјава за Цивил.
Дебатите и дебатните емисии постојат за да се изразат различни ставови и отворено да се разговара за сите општествени прашања, вели пратеничката.
Не смееме да дозволиме урнисување на медиумите и повторно заробување на слободата на говор, како што впрочем имавме со години во времето на ВМРО ДПМНЕ. Слободата на медиумите е на највисоко ниво досега и за тоа мора да се бориме сите, категорична е Шкријељ.
Д. Мишев / Цивил Медиа