Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во своја објава на Фејсбук упати честитка по повод одбележувањето на 5 ноември, Меѓународниот ден на ромскиот јазик.
„Застануваме со ромската заедница и ја славиме традицијата на Ромите како дел од мулитикултурното богатство и како дел од цивилизациските вредности. Негувањето на јазиците е скапоценост на нашата европска земја, но и додадена вредност во европското семејство“, стои во објавата на вицепремиерот.