ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерство за транспорт: До крајот на годинава одлука со најсоодветно решение за завршување на автопатот Кичево-Охрид

November 6, 2023 16:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ангажиран е експерт за Фидик договори преку кој треба да се обезбеди анализа на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализиација на овој проект и до крајот на годината ќе се донесе одлука со најсоодветно решение за завршување на изградбата, најави денеска Министерството за транспорт и врски.

Оттаму информиарат дека и појавени се 11 нови свлечишта на трасата и поради тоа ќе се ангажираат меѓународни експерти кои ќе дадат предлог проектански решенија и мислење за целокупниот проект.

-Во однос на прашањата поврани со проектот за изградба на автопатската делница Кичево-Охрид информираме дека во овој момент во тек е ревизија од Државниот завод за ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските извештаи и услогласеност како и ревизија за успешност на капиталните инвестиции. Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, преку Надзорниот орган ангажира експерт за Фидик договори  преку кој треба да се обезбеди анализа на договорот, како и решенија за сите идни чекори на Владата за реализација на проектот за изградба на автопатската делница Кичево – Охрид, соопшти Министерството за транспорт.

Ова, како што објаснува, е потребно од причина што рокот за реализација на овој инфраструктурен проект завршува на 31 декември оваа година, а до тогаш Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта преку Владата на Република Северна Македонија ќе донесат одлука со најсоодветното решение за дореализација на овој проект.

-Реализацијата на овој проект е од стратешко значење за Република Северна Македонија, истиот е дел од Коридор 8 како главен европски коридор. Приоритет на Владата  е завршување на овој проект и во таа насока ќе се преземат сите  активности за негова реализација, истакнува Министерството за транспорт.

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави дека ќе побара ревизија на Договорот за изградба на автопатската делница од Охрид до Кичево.

–  Сметам дека е недозволиво еден автопат од 40 километри да се гради над десет години и се уште да не биде направен, притоа да се бара повторно продолжување  што треба да оди пред пратениците. Од таа причина ќе побарам ревизија на овој проект, и со оглед на тоа што проектот од низа причини не е завршен десет години, сметам дека треба да се размислува и во насока на раскинување на договорот и барање изведувач што ќе го изгради на квалитетен начин, а не да гледаме десет години да се прави пат, да се инвестираат пари, а да нема досега пуштен ниту еден метар од автопатот, рече Ковачевски, во обраќање на Конференција за патната инфраструктура во Охрид.

Ковачевски истакна дека е недозволиво после десет години пратениците повторно да разгледуваат продолжување на нешто што требало да се заврши пред многу години.

Како што дополни премиерот, треба да се направи ревизија и врз основа на неа да се донесе одлука. -Една од опциите е секако и раскинување на договорот, нагласи премиерот Ковачевски, најавувајќи и можна специјализирана ревизија на проектот и сите пропусти.

Според оценката на дел од експертите учесници на конференцијата, проектната документација, геотехничките ископувања, експропријацијата и неефикасните административни постапки се главните причини поради кои доцни изградбата на автопатот.

Автопатската делница Охрид – Кичево е дел од Коридорот 8, со вкупна должина од 57 километри, а цената од првично предвидените 374 милиони достигна 598 милиони евра. Изградбата на автопатот почна во февруари 2014 година и после неколкуте анекси и продолжувања на роковите требаше да биде целосно завршен до крајот на оваа година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: автопат Кичево – ОхридРевизија

НАЈНОВО

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

May 21, 2025

Поранешниот советник на Виктор Јанукович, адвокатот Андриј Портнов, убиен на среде улица во Мадрид

May 21, 2025

Претреси во Скопје, лишени од слобода четири лица- членови на криминална група, осомничени за убиства

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Притворената српска активистка Марија Васиќ се врати дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Случајно пронајдена бистата на Џим Морисон по речиси четири децении

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk