Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 сакаат да повикаат на хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и исламистичкиот Хамас во Појасот Газа, јавија јапонските медиуми.
Јапонската новинска агенција Кјодо го објави извештајот цитирајќи јапонски владини кругови. Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 планираат заедничка декларација по нивниот дводневен состанок.
Прекинот на огнот би бил со цел да овозможи хуманитарна помош за настраданите цивили во Појасот Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ја отфрли можноста за прекин на огнот.
– Нема да има прекин на огнот, генерален прекин на огнот, во Газа без ослободување на нашите заложници, изјави Нетанјаху за американската телевизија Еј-Би-Си.
– Што се однесува до тактички мали паузи, еден час овде, еден час таму. Ги имавме претходно, претпоставувам, ќе ги провериме околностите за да овозможиме да влезат стоки, хуманитарни стоки или за нашите заложници да заминат, рече Нетанјаху.