Полицијата уапси маж, навивач на АЕК и ја продолжува истрагата за неговата можна вмешаност во смртта на фудбалскиот навивач Михалис Кацурис во август, јавуваат грчките медиуми.
Кацурис (29) бил смртно избоден со нож од непознати лица при конфликт меѓу ривалски фудбалски хулигани.
Според Екатимерини, снимката од безбедносната камера покажува како осомничениот трча покрај Кацурис и се судира со него додека го бркаат хулигани од Динамо Загреб и Панатинаикос. Потоа, тој беше повреден и хоспитализиран со скршеници на рацете и нозете, а во судот се појави како сведок.
Полицијата сака да добие примерок од ДНК од него за да го спореди со примерокот на ДНК пронајден на ножот од местото на тепачката, на кој има и траги од крвта на Кацурис.
Се очекува осомничениот да биде задржан во истражен затвор, бидејќи против него се чека пресуда за учество во судирите меѓу навивачите на АЕК и ПАОК на натпреварот од Купот на Грција во Волос во мај.