Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во која едно лице загина. Министерот управувал со сопственото возило кое се судрило со комбе, чиј возач загинал, пишува Индекс.хр.
Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути. Од Општата жупаниска болница Винковци потврдиле дека министерот е тешко повреден, а владиниот портпарол изјави дека тој не се наоѓа во животна опасност. Баножиќ од винковачката болница ќе биде пренесен во клиничкиот центар во Осиек.
Засега се уште не е познато како точно се случила несреќата. Како што се дознава, Баножиќ тргнал на лов кога се случила несреќата.
Г. Т.