„Мицкоски не реагираше кога Курти со Касами вееше карти на голема Албанија во Тетово. Слепо ли е членството, глуво ли е“ запраша Филип Петровски во емисијата „Во Центар“.
Тој го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека нема способност да биде лидер и дека е избран на фалц конгрес.
„Тој беше кариката која беше неопходна за да се смени името на државата. Мицкоски го немаше пред ДИК да се бори со нас после изборите во декември 2016 година. Јас бев таму, но не и Мицкоски. Него го немаше да се бори за подобар резултат на тие избори“ рече Петровски.
Петровски нагласи дека „Мицкоски и неговата фамилија во време на студентските протест беа левичари, не беа склони кон ВМРО-ДПМНЕ. Слушнав дека тогаш во 1997 година Мицкоски за мене зборувал дека ме мрази бидејќи сум вмровец“.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во времето на Ванчо Михајлов била подемократска организација отколку што е сега партијата под водство на Мицкоски.