СДСМ Велес информираат за како што велат, скандалозна негрижа за учениците од основното училиште Свети Кирил и Методиј во Велес.
„Учениците во основното училиште Свети Кирил и Методиј сè уште немаат парно во училниците и се смрзнуваат, иако грејната сезона одамна е почната“, наведуваат во објава на Фејсбук од ОО СДСМ Велес.
Оттаму бараат од градоначалникот Марко Колев „под итно да се реши овој проблем и незаконски поставената директорка да сноси одговорност“.