ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Почнува Фестивалот на чај – природни вкусови и ароми, кинеска церемонија, ботаничка градина и научно катче

November 17, 2023 09:07
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Ослободете ја моќта на билките“ е мотото на Фестивалот на чај што ќе се одржува од  денеска до недела во Скопје. Најавено е претставување на 30-тина учесници – поединци во чиј фокус се чаевите, ароматичните билки, пчелните производи и есенцијалните масла, како и неколку комерцијални македонски и странски брендови.

На фестивалот, што ќе се одржува во Скопје Сити Мол, е предвидено и учество на институти, факултети и институции. Куриозитет ќе биде претставувањето на Институтот Конфуциј при УКИМ, кој попладнево, во 18 часот, ќе понуди уникатно искуство – традиционална кинеска церемонија на чај и кинески танци во изведба на деца кои го изучуваат кинескиот јазик.

Со едукативно катче ќе се претстават Ботаничката градина од Природно-математичкиот факултет – Скопје и студентите од Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ). Тие ќе ги презентираат македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Во научното катче, децата и возрасните ќе можат заедно со ИДСБ да истражуваат хербариуми и инсектариуми и преку бинокулар (стереоскопски микроскоп) да ја погледнат димензијата на минијатурните семиња. Во 18 часот ќе направат и презентација на садење семиња.

На настанот се приклучуваат и „Национални шуми“ со презентација и едукативен дел за македонските шуми, екологијата и потенцијалите. Децата ќе имаат прилика да уживаат во ликовите на славните книги за природата, во креативно едукативно катче „Сказнувалка“, водено од професионални едукатори од областа на детската литература, креативноста и уметноста.

-На тридневниот фестивал посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви и да дознаат повеќе за добрината на природата, традицијата и културата, како и за моќта на лековите билки од професионалци за ароматични билки и есенцијални масла. Фестивалот е фокусиран на природната медицина – лековитите билки, од кои се подготвуваат чаеви, есенцијални масла и сапуни, препарати за здрав живот, мелеми и чајни колачи од билки, понатаму шумски плодови, мармалади и чаеви со тартуфи. Посебен простор е резервиран за пчелни производи, како природниот мед, козметика од мед и пчелни производи за поздрав живот. Неколку уметници и ракотворци ќе го дообојат фестивалот со рачно изработени чајници и филџани за чај. Посетителите ќе имаат можност да добијат и совети за поздрав живот од производителите на чаеви и есенцијални масла од ароматични и лековити билки, велат организаторите – Платформата за истражување и промоција на природата и културата „Nature Expedition“ и Скопје Сити Мол.

Tags: Скопјефестивалчај
Next Post

Во Скопје прв регионален министерски состанок за Планот за раст на Западен Балкан

НАЈНОВО

VDzambaski / Flickr

Маршот за ангелите во Скопје, почнува на пладне

November 15, 2025

Од денеска задолжителна зимска опрема за возилата

November 15, 2025

Гувернерот на Оклахома помилува осуденик на смрт неколку часа пред егзекуцијата

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk