Министерството за внатрешни работи информира дека утре со почеток од 12.00 до 13.00 часот поради најавен протест на булевар „Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим во централното подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.