ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Еден од светилниците на слободата

Извршниот директор и медиа директор на „Слободен печат“, Мирослав Јовановиќ, за 24 години постоење на ЦИВИЛ

November 23, 2023 14:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: МИРОСЛАВ ЈОВАНОВИЌ / СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Ако не сте златара, банка, трговец со ретки метали или тајни технологии, дури и за балкански прилики звучи чудно податокот дека една граѓанска, невладина организација во своето 24 годишно постоење била повеќекратна жртва на разни видови насилство; просториите ѝ се  четири пати обивани, а инвентарот уништен и испоганет, нејзините членови преку 20 пати физички нападнати, а зачестеноста на смртните закани и други вербални поганштини стануваат секојдневна појава.

Утрото им започнува, наместо со читање весници, со отворање на судски покани за ова и она. Забога, со што ли таа организација се бави? Некој ќе каже: „пих, па тоа се нешто како општи човечки и граѓански права, слобода на говор, нешто како нивна заштита, промоција, право на глас и неговата (зло)употреба, потенцијални изборни измами, екологија, и такви работи…“ Зарем посочените со устав (и мноштво меѓународни повелби) загарантирани граѓански права, нивната промоција и заштита предизвикуваат кај една група наши сограѓани, најблаго кажано – чувство на нелагодност, загроза и гнев? Сè додека одговорот е „да“, тоа е raison d’etre на ЦИВИЛ.

Во општество каде што зборовите го губат своето значење и смислата, каде што анти критериумот е главен критериум, каде што за кражба на 30 ќебапи ќе „заработите“ повеќегодишна затворска казна, а за мултимилионскиот криминал „законска поштеда“,  кога секојдневието е диктирано од олигокриминалци и нивните политички дилови, а нашите судбини, имот, права и слично зависат од политичката/државната милост, да се бавите, сиот свој капацитет да го ставите во служба на промоција и заштита на корпусот на човекови права, ни кажува дека во нашето општество сè уште (покрај сите девастации) постојат личности и организации кои поради своето „вјерују“ се повеќе од спремни на лична жртва на олтарот на слободата и правата како врвен идеал на современото демократско општество. Тоа е за почит и восхит!

Податокот дека постоењето на ЦИВИЛ трае речиси четвртина век и дека организацијата со нејзината „мала, но одбрана чета“ – како непремостлива брана се поставува кон сè што го загрозува, кочи или уназадува нашето општество во неговиот демократски развој, кажува дека организацијата и нејзините членови како општествен коректив имаат ѓаволски тешка задача и напорна работа.

Никогаш не се поставувале во општеството како носители на апсолутната вистина! Во нашите балкански жабокречини, каде чеканот секогаш има предност во однос на зборот и идејата, да негувате возвишени идеали за слободата и правдата звучи дури и романтичарски; патот на ЦИВИЛ е одамна избран. Сепак „за идеалите не гинат будалите“ туку луѓе со возвишени духови и визии!

Им посакувам уште долги години на позитивна визија, истрајност и работа; кога еден ден ЦИВИЛ ќе ја постигне целта на својата мисија, тоа ќе значи дека нашата земја конечно станала пристојно место за живеење. Тој ден е,  за жал, сè уште далеку, но причина повеќе, организацијата да продолжи по својот пат низ нашите општествени Сцили и Харибди.


Преземено од Слободен печат.
Tags: Мирослав ЈовановиќЦИВИЛ
Next Post

Ковачевски во Вабтек МЗТ: Создаваме поволна бизнис клима за повеќе инвестиции и нови работни места

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk