Со текстот под наслов „Еден од светилниците на слободата“ од Мирослав Јовановиќ, извршен и медиа директор на Слободен печат, започна одбележувањето на 24-годишнината од основањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода, граѓанска организација за човекови права, основана на 25 ноември 1999 година.
И во текот на изминатите неколку години, за ЦИВИЛ говореа и пишуваа голем број истакнати личности, меѓу кои и претседателот и високите функционери на државата, политички лидери од власта и од опозицијата, водечки интелектуалци, новинари, експерти, аналитичари, уметници, активисти, дипломати, граѓанки и граѓани од сите заедници…
И оваа година, истакнати личности од светот на политиката, медиумите, уметноста, академијата, граѓанското општество и бизнисот дадоа свој осврт кон ЦИВИЛ.
Раководството при организацијата им се заблагодарува на сите Авторки и Автори на извонредно високите оценки што ги дадоа во своите текстуални пораки. Редакцијата при медиумската платформа на организацијата, денеска и во наредните денови ќе ги објави сите текстови пристигнати на оваа тема.
ЦИВИЛ
Извор: Цивил Медиа