„Ставот на СДСМ е да има одвоени избори. За кога ќе треба да гласаат граѓаните за претседател без да слушаат партиски призвук,за да го запознаат подобро кандидатот. Вие зборувате за да заштедите за изборите, за граѓаните, па вие блокиравте закони за антикризни мерки за граѓаните. Но, парите од антикризните мерки сепак стигнаа до граѓаните,“ рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата Само Вистина на Канал 5 Телевизија.
Таа нагласи дека сто дена пред изборите во 2024 година ќе има техничка влада, како што тоа го налага Законот за влада.
„Техничка Влада сто дена пред изборите ќе има“, рече Кузеска.
Таа се осврна на изјавата на премиерот Ковачевски кој потврди дека во декември ќе има лидерска средба.
„Ова наликува на еден театар без навреда кон таа форма на култура на општественото живеење. но во политиката тоа завршува со комедија или трагедија,“рече Кузеска.
Во врска со укинување на техничката влада, Кузеска посочи дека за следни изборни циклуси треба да се случи.
„СДСМ во изминатите години создаде соодветни демократски услови за фер избори и може да се разговара за укинување на техничката влада но за изборните циклуси во иднина. Ова на ДПМНЕ е театар,“ рече Кузеска.
Во врска со протестите кои се случуваат, Кузеска посочи дека протестите се демократско право на граѓаните, и ова е време кога граѓаните живеат во демократија, без страв дека ќе биде заокружан со црвено дека учествувал на протест и ќ ему се закануваат. Притоа посочи и дека протестите се за плати за кои се во тек преговори.