Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа Информација во врска со следни чекори и одлуки кои се однесуваат на превенција на ширење на корона вирусот, а по информациите дека продавачите ги зголемуваат цените на заштитните маски, ги задолжи инспекторите да преземат соодветни мерки.
Мерките за запирање на ширењето на вирусот даваат резултати и за натамошна превенција се препорачува откажување на сите поголеми јавни собири до 6 март.
На оваа своја седница Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) да направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за заштита од пренесувањето на вирусот во аптеките и доколку утврди неосновано покачување на цените да преземе мерки соодветно за законските прописи и овластувања.