ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Абдиу-Халили од Брисел: Поглавјето 12 важно за здравјето на нашите граѓани, нема ништо поважно од здрава и безбедна храна

November 27, 2023 12:57
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото: СЕП

Фото: СЕП

Share on FacebookShare on Twitter

Поглавјето 12 е важно за здравјето на нашите граѓани, нема ништо поважно од здрава и безбедна храна, истакнала заменик главниот преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу-Халили денеска во Брисел во воведно обраќање пред Европската комисија.

Ова поглавје, како што информираат од СЕП, опфаќа детални правила и мерки од областа на безбедноста на храната, воспоставување правила за заштита на потрошувачите, хигиена и презентација на прехранбените производи, контроли и механизми за гарантирање на безбедноста на храната итн.

-Исто така тоа вклучува и аспекти на хигиена поврзани со преработката и пласирањето на пазарот на прехранбени производи, особено храна од животинско потекло. Аcquis-то во ова поглавје ја регулира и трговијата во Унијата на живи животни и производи од животинско потекло, контролата на болестите на животните и други аспекти поврзани со здравјето и благосостојбата на животните. Во областа на заштитата на растенијата, acquis-то за ова поглавје воспоставува сеопфатни правила во врска со контролата на штетните организми за растенијата и растителните производи, употребата на пасошот на растенијата во трговијата со растенија наменети за садење, процедурите за одобрување производи за заштита на растенијата, мерките за карантин, остатоци од пестициди кои се користат за растително производство, маркетинг и квалификација на семиња и садници, се наведува во соопштението.

Во обраќањето пред Европската комисија, Абдиу-Халили посочила дека се работи за исклучително важно поглавје кое е сочинето од голем број на обрзувачки правила и мерки, и нивната соодветна и ефективна апликација е од големо значење за целокупниот процес на преговори за членство на нашата држава во ЕУ.

Ова поглавје има директно влијание врз здравјето на граѓаните, безбедноста на храната како и здравјето на животните. Во изминатиот период, како држава, сме работеле интензивно на транспонирање на релевантното Acquis во нашето национално законодавство, како и на зајакнување на напите административни и оперативни капацитети, истакнала меѓу другото Абдиу Халили.

Државната делегација за Поглавје 12 ја предводи заменик главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили, а институција носител за ова поглавје е Агенцијата за храна и ветерина. Исто така дел од работната група за ова поглавје се: Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Фитосанитарна управа, Државен инспекторат за земјоделство, Управа за семе и саден материјал, Министерство за животна средина и просторно планирање како и Секретаријатот за Европски прашања.

Северна Македонија со билатералните скрининг состаноци за поглавјата 30 и 31 предвидени да се одржат на 6 и 7 декември оваа година, а кои се дел од последниот Кластер 6 – Надворешни односи, целосно го заокружува скринингот со Европската Комисија. 

Tags: БриселДелегацијаскрининг
Next Post

Битиќи: Погрешно е очекувањето дека ако се намалат функционерските плати ќе се зголемат тие во јавниот сектор

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk