ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

НМКаменот од блиску доаѓа

November 27, 2023 13:04
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ФРОНТ
Фото: Скриншот од видео на 360 степени

Фото: Скриншот од видео на 360 степени

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Кратенката НМК (NMK), која според Преспанскиот договор е наменета исклучиво за регистарските таблички на возилата во земјава, веќе извесно време е стандард на патоказите во една соседна земја, која најголем процент од македонските граѓани ја сметаат за „најпријателска“, и негуваат особени симпатии кон нејзиниот претседател, кој во секоја прилика не пропушта да напомене дека односите со Северна Македонија се најдобри во историјата, а нејзините жители ги условува како „нашите браќа Македонци“.Брат за брат, кратенка за пари… или за додворување на нашиот ( за нивна жал не и нивниот) јужен сосед, Грција.

Во видеото што го објави 360 степени, се забележува дека кратенката „НMK“ ја има насекаде по главниот патен коридор што ги поврзува Северна Македонија и Србија, иако не ѝ е таму местото.

Станува збор за автопат со должина од близу 400 километри на кој на десетина знаци, наместо меѓународно признаената кратенка „MK“, која треба да важи во патната сигнализација, стои кратенката „НMK“ предвидена само за возилата регистрирани во Северна Македонија.

Во одредбите од Преспанскиот договор стои дека: Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).

За тоа како дошло до погрешното читање на Договорот од Преспа, но и кога тоа ќе биде исправено, од 360 степени се обратија до јавното претпријатие „Патишта на Србија“ (Путеви Србије), но одговорот изостана.

По реакцијата на македонското МНР до колегите од Србија за несоодветната употреба на меѓународниот код за земјава, од Белград објасниле дека станува збор за ненамерен пропуст кој ќе се коригира во најскоро време, целата работа не останала само на една реакција. Ново потсетување имало минатата недела.

Директорката на Директоратот за билатерални односи со државите од Југоисточна Европа, Јадранка Чаушевска-Димов, за 360 степени вели дека веднаш по ратификацијата на Договорот од Преспа испратиле известување за промените до сите држави членки на Обединетите нации, и до Србија, во меѓувреме, испратени се и дополнителни дописи.

„По добиените сознанија за несоодветна употреба на меѓународниот код на нашата држава, конкретно врз вертикалната патна сигнализација на автопатот Е-75 на релација Белград – Скопје, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија веднаш по дипломатски пат реагираше до Министерството за надворешни работи на Република Србија за погрешната употреба на меѓународниот код. Оттаму добивме уверување дека станува збор за ненамерен пропуст на тамошните служби задолжени за поставување на патна сигнализација и, воедно, уверување дека истата ќе биде коригирана во најскоро време“,вели Чаушевска-Димов.

Македонските медиуми, ретко, речиси никогаш не се бават со оваа и слични теми доколку истите доаѓаат од соседна Србија. Така и за оваа појава нема реакција, ниту е преземена веста објавене на 360 степени, иако, изведенката „северномакедонски“ не е реткост во изјавите на српските политичари и медиумските изештаи во Србија.

Но затоа, кога станува збор за слични настапи од Европски лидери или медиуми, при употребата на изведенките „северномакедонци“ или „северномакедонски“, како изјавите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Франција, Емануел Макрон, кои веднаш потоа се извинија за, како што рекоа, ненамерната грешка, македонските медиуми ја креваат тензијата до ниво на национална катастрофа.

Одредени медиуми дури се впуштија во лексички анализи на правописот а други земји при уптребата на додавката „Северна“ кон името на земјава, за да констатираат дека „Повеќе од очигледно е дека новиот „северномакедонски“ идентитет, за жал, станува реалност бидејќи сите го поврзуваат со новото име на државата, а овдешните официјални власти како веќе да кренаа раце и ретко, па дури и воопшто не реагираат на секојдневните „лапсуси“ или провокации коишто доаѓаат од страна.

Но, кога таа страна е Србија, реакцијата кај овие медиуми, се чини дека изостанува.

Извор: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: македонски медиумиНМКПатоказиПреспански договорСрбија

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk