ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Кина се двоуми да инвестира во гасоводот „Моќта на Сибир 2“ условувајќи со поголеми попусти за рускиот гас

November 28, 2023 11:52
in PMD, ДЕНЕС, СВЕТ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на еден од клучните руски проекти за природен гас за да се обезбеди финансиски спас во странство веројатно ќе биде побавна од очекуваното, бидејќи Кина се обидува да ја искористи својата позиција на пазарење, тврдат руски извори и кинески аналитичари.

Дискусиите со Пекинг за изградбата на гасоводот „Моќта на Сибир 2“, кој долго време се рекламираше како сигнал за билатерална соработка, напредуваа многу бавно, пишува „Саут Чајна Морнинг пост“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата во Москва.

Кина калкулира со нејзината подготвеност да инвестира во новиот гасовод, нудејќи ѝ на Русија целосно да ја плати сметката за изградба вредна повеќе милијарди долари и барајќи дополнителни попусти на рускиот гас.

Следната година попустот за Кина ќе се зголеми на 46%. Според нацртите на владата, гасот од „Моќта на Сибир“ ќе чини 271,6 долари за илјада кубни метри, додека за Турција и Европа – 481,7 долари. Но, тоа не е доволно за Кина.

Извор запознаен со ова прашање во Русија рече дека Кина покажува „стоење на пазарење“.

„[Пекинг] навистина добро ја разбира нивната преговарачка моќ и земјата е во многу посилна позиција“, рече изворот. Тоа е одредено претседателско ниво на притисок. Станува збор за поевтино плаќање.

„Може да бара длабоки попусти. Во однос на изградбата, [Пекинг] сака да се погрижи да нема ризици и трошоци. Русија е страната што ја плаќа целата сметка“, вели изворот.

Дали Гаспром ќе најде пари за новиот мегапроект останува нејасно. Откако го прекина гасот за европските земји, компанијата оствари нето загуба од трилиони рубљи за годината и се соочи со готовински празнини за кои мораше да потроши две третини од своите парични резерви за да ги покрие. Од „купот на готовина“ од 2 трилиони рубљи што го имаше Гаспром пред војната, околу 700 милијарди (~ 5,56 милијарди долари) останаа до јули 2023 година.

Покрај тоа, се чини дека Путин едвај и да има друг избор. Рускиот претседател е „под огромен притисок“ затоа што ако не се изгради цевководот, Русија нема каде да префрли „огромен волумен“ гас, вели изворот за СЦМП. По губењето на европскиот пазар, каде што се пласираа повеќе од 150 милијарди кубни метри гас годишно во пикот пред војната, Гаспром беше принуден да го намали производството за една четвртина – рекордно намалување во неговата историја.

Проектот ќе биде нов тест за стратешкото партнерство „без ограничување“ меѓу Пекинг и Москва, особено откако Русија беше погодена со  санкции од западните земји како одговор на воената агресија врз Украина, која ги блокираше испораките на руски природен гас во Европа.

Како што пишуваше предходно Цивил Медиа, како дел од руско – кинеското стратешко партнерство, пресретнатите комуникации меѓу руски и кинески деловни директори од безбедносните служби на Украина, откриваат дека тие разговарале за изводливоста за изградба на подморски тунел што ја поврзува Русија со окупираниот Крим, за да се обезбеди безбедна транспортна рута со заштита од потенцијалните напади од Украина.

Разговорите, кои започнале кон крајот на октомври, биле поттикнати од руската вознемиреност за безбедноста на постоечкиот 18-километарски мост преку Керчкиот теснец.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: билателарна соработкагасоводКинаРусија
Next Post
Фото: Фронтлајн.мк

МВР: Пунктовите за вадење лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време, граѓаните да ги почитуваат термините

Shortcut

Најново

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk