Во контекст на сега веќе извесното доаѓање на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во Северна Македонија на Самитот на ОБСЕ (останува уште официјална потврда од македонското МНР откако Бугарија веќе дозволи прелет на неговиот авион преку нејзина територија), Цивил Медиа потсетува дека ова ќе биде прва посета на рускиот министер на земја членка на НАТО по руската агресија врз Украина, и тоа токму во Северна Македонија.
Како што предходно објави Цивил Медиа, дозволувајќи му на Лавров (кој неколку пати досега јавно изрази негативни ставови против земјава) влез во државата, ќе се прикажеме како земја за која злосторствата во Украина се прифатливи и дека со тоа ќе брцнеме „прст во окото“ на илјадниците украински жртви на руската агресија врз Украина.
Дури и во Србија, традиционалниот сојузник на Русија, во јуни 2022 година, неформалната група граѓани „Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната“ одржаа протест во Белград по повод најавената посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија.
Десетина граѓани кои се собраа носеа транспарентот „Во Хаг, а не во Белград“, како и паролa „Благодариме соседи, ја спасивте Србија од срам“, на коja стоеја и црногорското, македонското и бугарското знаме, со кои се заблагодарија за затворањето на воздушниот простор за летови на руски авиони, со што ја оневозмошија посетата на Лавров на Белград.
Како и да е, дошол- не дошол, на Лавров веќе му се даде премногу значење, што руската пропаганда секако ќе го додаде на своетo конто во нејзината пропагандна војна, која, за жал, има големо влијание и во Северна Македонија.
Целиот текст може да го прочитате тука: Многу врева околу (не)доаѓањето на Лавров на Самитот на ОБСЕ во Скопје
Д. Мишев / Цивил Медиа