ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Северна Македонија му помогна на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа

November 30, 2023 11:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ОБСЕ

ОБСЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Ако ОБСЕ пред 30 години ѝ помогна на Северна Македонија, денес, ние му помагаме на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

Според премиерот, ние претседававме во најтешката година за ОБСЕ, со оглед на тоа дека организацијата се соочи со голем број предизвици во светло на неоправданата војна и агресија која што Русија ја направи врз Украина.

Тој рече дека очекува успешен состанок на кој ќе бидат потврдени одлуките кои веќе биле разговарани на амбасадорско ниво.

– Се надевам дека ќе бидат потврдени одлуките за нов претседавач, избор на четирите најзначајни функции и позиции во ОБСЕ како и донесување на буџетот, изјави Ковачевски.

Во врска со прашањето како го коментира тоа што на состанокот не дојдоа повеќе министри, тој рече дека секоја земји на некој начин испраќа порака за, како што посочи „неоправданата агресија на Русија врз Украина“.

– Ние треба да бидеме свесни дека секоја земја на некој начин испраќа порака за неоправданата агресија која Русија ја изврши врз суверена држава, врз Украина. Некои тоа го прават со нивно отсуство, некои со нивно присуство и со многу јасно искажани ставови во однос на неоправданоста на оваа агресија. Истото ќе го направам и јас на првото излагање кое што ќе го имам денеска на отворањето на овој значаен настан, рече премиерот.

На новинарско прашање дали ова претставува дипломатска победа на Русија, тој одговори „не“.

– Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија, ова е дипломатска победа на ОБСЕ со оглед на тоа дека беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Со ова ОБСЕ ќе продолжи да функционира, ќе продолжи да биде гарант на обезбедување на развој на демократските и на мирните процеси во Европа, рече Ковачевски.

Тој информираше дека нема да има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Посочи дека очекува успешен состанок и се заблагодари на сите вклучени во организацијата.

– Се заблагодарувам на Министерството за надворешни работи за успешното претседавање во текот на целата година и на адресирањето на најважните безбедносни прашања во регионот на Европа, меѓутоа секако и во нашиот потесен регион во насока на обезбедување на долготраен мир и стабилност, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Tags: КовачевскиОБСЕсостанок
Next Post
Фото: Фејсбук Славјанка Петровска

Петровска: Средбата со О’Брајан уште една потврда за силната американска поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk