САД го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, соопштуваат од Стејт Департментот.
Оттаму нагласуваат дека „денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери.
Од Стејт Департментот велат дека „оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“.
„Овие јавни ознаки се направени според Дел 7031(в) од Законот за резервации на средства на Стејт Департментот, странски операции и сродни програми, 2023 година, како што е пренесено со Законот за континуирани резервации, 2024 година (Див. A, P.L. 118-15). Одделот, исто така, ја определува сопругата на Анѓушев, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен, како генерално неподобни за влез во Соединетите држави“, се наведува во соопштението на Стејт Департментот.
Ј. Ѓ.