ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ТАВ со нов уред вреден 2,4 милиони евра за скенирање за системот за ракување со багаж на скопскиот аеродром

December 6, 2023 10:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми денеска соопштија дека ја завршиле надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра.

Отсега, се посочува во соопштението, патниците може да пристигнуваат на аеродромот, како и претходно, 2 часа пред нивниот лет.

Процесот на надградба на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје и инсталацијата на новиот уред за скенирање почнал на 9-ти октомври, а завршил на 28-ми ноември оваа година. Целиот проект е завршен за помалку од два месеца, а во тој период активностите опфатиле демонтирање на рендген уредот „Стандард 2“, инсталирање нов, уред за скенирање „Стандард 3“ и опрема и тестирање на најнова технологија пред пуштањето во употреба.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, изразил уверување дека ваквите подобрувања и обезбедувањето неспоредлива услуга за нашите патници и авиокомпании дополнително ќе ја зајакнат позицијата на скопскиот аеродром во регионот.

ТАВ како водечки аеродромски оператор, со задоволство го објавува завршувањето на големиот проект и значајната инвестиција во надградбата на системот за ракување со багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа голема инвестиција од 2,4 милиони евра на скопскиот аеродром и самиот проект за надградба на системот за ракување со багаж ќе резултира со оптимизација на внатрешните аеродромски операции и значително ќе придонесе за подобрување на целокупното патничко искуство за нашите патници. Со најновата технологија за безбедносна проверка, компјутерска томографија, капацитетот за проверка на багажот сега е зголемен за 30 проценти или 1800 парчиња багаж на час. Новата, врвна технологија на системот за ракување со багаж, напредното следење на багажот, зголемениот капацитет и намаленото време на обработка, се дел од нашата визија за иднината на воздушниот сообраќај и ја докажуваат нашата посветеност да обезбедиме беспрекорно патничко искуство, оперативна ефикасност и патничко задоволство. Затоа, скопскиот аеродром сега е подготвен да ги редефинира стандардите за ракување со багажот во регионот, се вели во соопштението од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми.

Системот за ракување со багаж на скопскиот аеродром претходно работеше со „Стандард 2“ опрема за рендген проверка на багаж или конвенционална технологија, а сега, со оваа значителна инвестиција, за која било потребно редизајнирање и повторно конфигурирање, системот за ракување со багаж бил надграден со помоќна, технологија – компјутерска томографија (КТ) или „Стандард 3“, што е највисок стандард на Европската конференција за цивилно воздухопловство (European Civil Aviation Conference – ECAC).

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, како што се наведува во сооптшението, додал дека инвестицијата на ТАВ во „Стандард 3“ технологијата за безбедносен преглед на регистрираниот багаж, е уште една капитална инвестиција на аеродромскиот оператор, по реновирањето на пистата на аеродромот во Скопје во 2022 година. Меѓународниот Аеродром Скопје, се подвлекува во соопштението, сега управува со систем за ракување со багаж надграден со софистициран и најквалитетен уред за скенирање, произведен од реномиран бренд и е единствен од ваков вид во поширокиот регион.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ги заврши првите 10 месеци од 2023 година со 30 проценти пораст на патничкиот сообраќај, достигнувајќи вкупно 2,6 милиони (2.647.816) патници на двата македонски аеродроми во Скопје и во Охрид, додека бројот на летови во истиот период изнесува 19.935 со годишен пораст од 20 проценти.

Tags: Македонијанов уредскенирање за системот за ракување со багажТАВ
Next Post

УНРВА: Повеќе од 600.000 луѓе се под наредба за евакуација во јужниот дел на Газа

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 11 мај 2026: Ден за интуиција и внатрешен мир

May 11, 2026
Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk