Според изворите од вледејачката СДСМ, денеска, додека сè уште траел состанокот на ДУИ претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.
Претходно, министерот за надворешни работи и потпртетседател на ДУИ, Бујар Османи, информираше дека ДУИ одлучиле од 28 јануари технички претседател на Владата на Сeверна Македонија да биде Талат Џафери.
Со тоа што од СДСМ пратеникот Митревски ќе биде на чело на Собранието, пропаѓаат приказните на ДПМНЕ и Левица за албанизација на државата. ДПМНЕ и Левица со години шират невистини и шпекулации предизвикуваќи револт помеѓу граѓаните и се трудат на најподол начин да ги делат граѓаните а притоа самите се убедуваат во нереални приказни кои што немаат ниту еден вистински факт туку се темелат на обвинувања, лаги и желба за константна манипулација на народот.
Митревски со години ја предводи пратеничката група на СДСМ а на последните парламентарни избори беше коносител на пратеничката листа во петтата струшко-охридска изборна единица.
СДСМ уште еднаш одговара за најдоброто на граѓаните трудејќи се секогаш да обезбеди подобар животен стандард и повторно СДСМ во коалиција со ДУИ ги потопија приказните на ВМРО и Левица за албанизација на државата.