Во борбата против гладта и глобалното затоплување, Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) денеска претстави сеопфатна програма за акција. Целите вклучуваат намалување на бројот на гладни луѓе за 150 милиони до 2025 година и ставање крај на уништувањето на шумите во светот и на целиот незаконски и нерегулиран риболов до 2030 година.
„Патоказот“, претставен на конференцијата на ОН за климатски промени во Дубаи, исто така, има за цел да го намали количеството на потрошена употреблива храна за 50 проценти. Целта е, исто така, да се намалат климатски штетните емисии на метан во земјоделството, кои главно се испуштаат од говеда и овци за 25 отсто до 2030 година во споредба со 2020 година.
Околу 16 отсто од глобалните емисии на стакленички гасови сега се поврзани со метанот, изјави Дирк Меснер, шеф на германската агенција за животна средина.
Овој гас има речиси 30 пати поголемо влијание на затоплување од јаглерод диоксидот, кој доби најголемо внимание во последните децении.
Според податоците на ОН, околу 735 милиони луѓе биле неухранети во 2022 година. Околу 3,1 милијарди луѓе немаа пристап до здрава храна.
Г. Т.