ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Втор ден од декемврискиот Самит на ЕУ во Брисел

December 15, 2023 09:35
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ денеска го продолжуваат дводневниот Самит на Унијата, во чии рамки вчера донесоа одлука за старт на преговорите за членство со Украина и Молдавија, и доделија кандидатски статус на Грузија и решија за Босна и Херцеговина да остане условената препорака за почеток на пристапните преговори.

– Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија, информира вчера претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Според него, Советот на ЕУ решил и да и додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака за старт на преговорите.

– ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата да поднесе извештај до март со цел да се донесе таква одлука, наведе Мишел, посочувајќи дека ваквите одлуки се јасен сигнал за надеж за народите на овие земји и за европскиот континент.

Овие одлуки беа донесени како дел од дебатата за проширувањето на ЕУ, во чии рамки беа усвоени и Заклучоците за процесот во кои се посочува дека Европската Унија е подготвена да ја комплетира фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, веднаш штом земјата ја спроведе својата заложба за усвојување на уставните измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во одлуките на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година.

– Европскиот совет ја повикува Северна Македонија да го забрза завршувањето на овие измени, се наведува во документот.

Потврдувајќи ја својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на земјите од Западниот Балкан во Унијата, лидерите на ЕУ воедно повикуваат на забрзување на процес на нивно пристапување во блокот.

– Европскиот совет го нотираше дописот на Комисијата за новиот План за раст на Западниот Балкан, чија цел е да се забрза социо-економското поврзување меѓу Западниот Балкан и Европската Унија врз основа на строги услови и го охрабрува регионот да го забрза темпото на реформи поврзани со ЕУ и да ја унапреди регионалната економска интеграција преку заеднички регионален пазар, врз основа на правилата и стандардите на ЕУ, се додава во заклучоците.

Во документот се нагласува и дека Европскиот совет останува посветен на унапредување на постепената интеграција меѓу ЕУ и регионот за време на самиот процес на проширување на реверзибилен начин заснован на заслуги.

– Европскиот совет подвлекува дека проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. Тоа е двигател за подобрување на економските и социјалните услови на европските граѓани, за намалување на разликите меѓу земјите и мора да ги поттикне вредностите на кои е основана Унијата. Гледајќи кон перспективата за понатамошна проширена Унија, и идните земји-членки и ЕУ треба да бидат подготвени во моментот на пристапување. Работата на двете патеки треба да напредува паралелно. Кандидатите за членство треба да ги засилат своите реформски напори, особено во областа на владеењето на правото, во согласност со природата на процесот на пристапување заснована на заслуги и со помош на ЕУ, се наведува во заклучоците.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, за денеска останува лидерите да дебатираат за ситуацијата на Блискиот Исток, при што се очекува да биде упатен повик за ослободување на сите заложници киднапирани од страна на Хамас и да се расправа за справување со алармантната хуманитарна ситуација во Газа.

Како што наведе Мишел во поканата за Самитот, ЕУ мора да ја реафирмира поддршката на правото на Израел да постои и да се брани од Хамас, недвосмислено да го штити меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, како да се посвети на безбедноста и стабилноста во регионот и на изгледите за постигнување траен мир заснован на решението за две држави – Израел и Палестина.

Дополнително, лидерите на ЕУ ќе направат преглед за напредокот во спроведувањето на претходните заклучоци поврзани за безбедноста и одбраната насочени кон градење посилна геополитичка унија и кон создавање внатрешен пазар за одбранбената индустрија.

Превидено е на Самитот да се разговара и за справувањето со сите форми на омраза, антисемитизам, нетолеранција, расизам и ксенофобија, вклучително и антиисламските манифестации, како за конкретни прашања поврзани со надворешната политика на Унијата.

Tags: БриселЕУСамит
Next Post

Укинати забраните за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk