Во Владата денеска ќе бидат потпишани договори за реализација на проекти од локален интерес, во најголем дел од општините во државата, со поддршка од Владата
Договорите ќе ги потпишат претставници на министерства/институции и општините, а ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.
На настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за финансии, Фатмир Бестими, за здравство, Фатмир Меџити, за образование и наука, Јетон Шаќири, за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска, з атранспорт и врски Благој Бочварски, и за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, како и Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт и градоначалници на општините.