Во текот на изминатиот ден, израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија напади врз повеќе од 300 цели во Појасот Газа, јави Тајмс оф Израел.
Во нападите биле убиени десетици оперативци на Хамас, а цел на нападите била инфраструктурата на терористичката група, се вели во соопштението на ИДФ.
Во јужниот дел на Газа, членовите на 55-та бригада извршиле рација на локации на Хамас во Кан Јунис, каде било пронајдено големо складиште со оружје.
ИДФ денеска изврши воздушни напади и врз голем број локации на Хезболах во јужен Либан.
Како што јави „Тајмс оф Израел“, цел биле воени локации каде делуваат членовите на Хезболах, како и друга инфраструктура.