Владимир Обрадовиќ, кандидатот за градоначалник на коалицијата Србија против насилство, рече дека коалицијата поднела приговори до Градската изборна комисија (ГИК), но рече и дека околу 19 часот, кога претставниците на таа коалиција отишле во ГИК, имало дојава за бомба и зградата била евакуирана.
„Рокот за поднесување приговори истече во 20 часот, отидовме да поднесеме приговори во 19 часот. На пат до таму добивме информација дека е поставена бомба во ГИК и дека зградата е евакуирана“, изјави Обрадовиќ за N1.
Но, вели, приговорите успеале да ги достават по препорачана пошта.
„Многу е симптоматично известувањето непосредно пред истекот на рокот за приговори. Сепак успеавме да ги испорачаме, ги испративме по препорачана пошта… Госпоѓата од ординацијата беше многу професионална, донесе печат со себе и ни го завери, па се беше испорачано на време“, рече Обрадовиќ.