ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката Петровска за „The Economist“: 2023 е успешна година, македонската Армија минува низ процес на модернизација досега незабележан во нејзината историја

December 21, 2023 15:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во овогодинешното издание „Светот во 2024-та“ на реномираниот „The Economist“, се осврна на повеќе развојни процеси во одбраната и во Армијата, меѓу кои како еден од најважните го истакна процесот на модернизација и опремувањето на Армијата.

„На полето на модернизацијата ги видовме плодовите на она што години наназад го правиме – првенствено преку зголемувањето на одбранбениот буџет кој оваа година е на ниво 1,85% од бруто-домашниот производ, како и преку одвојувањето на една третина од овие средства и нивно инвестирање во нова и модерна опрема“, посочи министерката.

Армијата годинава веќе се опреми со 32 JLTV современи оклопни возила, а оваа бројка ќе се зголемува во следниот период, додека потпишани се договори за набавка и на оклопни возила од типот Stryker. За потребите на Армијата се набавуваат нови системи за против-воздушна одбрана од Франција, артилериски системи од Турција, воведовме системско решение за одржување на постојните воени воздухоплови до набавката на нови хеликоптери, два транспортни хеликоптери се веќе на ремонт во Чешка и се очекува истите да бидат вратени во Северна Македонија во првата половина од 2024 година, а започнат е процесот и на набавка на дронови за потребите на државата.

Петровска во интервјуто потенцира дека оваа опрема припадниците на Армијата ја заслужуваат затоа што тие се врвни професионалци кои се секогаш и секаде подготвени да им помогнат на граѓаните.

Министерката најави дека како и годинава, и во 2024 година процентот наменет за модернизација ќе биде сличен, но дека одбранбениот буџет ќе порасне на ниво од 2% од бруто-домашниот производ.

За 2024 година, Петровска изрази очекување првенствено вработените во одбраната, како клучна алка во одбранбениот систем, да го добијат местото кое го заслужуваат, исто како што со донесените измени во Законот за служба значително беше унапреден и стандардот на припадниците Армијата.

Во контекст на геополитичката ситуација и руската агресија врз Украина, министерката го сподели своето сведоштво од посетата на оваа земја, при што истакна дека Северна Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина, согласно нивните барања и нашите можности дефинирани од страна на Генералштабот.

Петровска порача дека остануваме посветени во зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО, преку учеството во рамките на мултинационалните сили на Алијансата во Бугарија, Романија и Латвија, додека истовремено даваме придонес и во мисијата на НАТО на КФОР и мисијата на ЕУ во БиХ, АЛТЕА, како начин за зацврстување на регионалната безбедност и стабилност.

Следната година во Министерството за одбрана, проектите ќе продолжат да се реализираат онака како што се планирани, одбраната ќе продолжи да функционира беспрекорно, а за секој припадник на Армијата и службеник во одбраната ќе се работи посветено и амбициозно. Во следниот мандат како министерка по изборите во 2024 успесите ќе бидат уште поголеми – заклучи министерката Петровска во интервјуто за “Економист”.

Tags: „The Economist“армијаПетровска
Next Post

ОПЕРАЦИЈА МАЛА ПРЕСПА ВО СРБИЈА: Изборен арсенал од под рускиот шинел

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk