ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 38 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 20 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи. Според најавите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, во петок, на 13 март

March 2, 2020 09:46
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2019 година, во состав: Николина Андова Шопова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Милован Стефановски (писател), Весна Мојсова Чепишевска (професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), Славе Ѓорѓо Димовски (писател) и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра десет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 38 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 20 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи. Според најавите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, во петок, на 13 март.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи по 21 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетк.

Во втората селекција на романите за наградата „Роман на годината“ за 2019
година одат:

1. „Молчи со отворена уста“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или -Или“
2. „Правта на библиотеките“, Митко Маџунков, „Три“
3. „Мрежата на Мамли“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
4. „Пагански времиња“, Драги Михајловски, „Просветно дело“
5. „Песот со тажен поглед“, Оливера Николова, „Матица македонска“
6. „Последните денови на Ханс“, Михајло Свидерски, „Или -Или“
7. „Години од слама“, Братислав Ташковски, „Панили“
8. „Аб'т“, Оливера Ќорвезироска, „Или -Или“
9. „Ура, Арал!“, Тања Урошевиќ, „Темплум“
10. „Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С.Црвенковска, „Чудна шума“

Next Post

СДСМ: Шестотини милиони евра за развој и поддршка на бизнисот во новиот мандат

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk