ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Обезбедени нови 20 милиони евра дополнителна поддршка за земјоделците до крајот на година

December 22, 2023 19:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Агротим.мк

Фото: Агротим.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница одлучи до крајот на годината земјоделците да добијат 30 отсто авансна исплата на субвенциите, новина предвидена со новиот модел за субвенционирање, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со тоа, како што се наведува, 40.000 земјоделци ќе бидат исплатени 750 милиони денари, односно 400 милиони денари ќе се исплатат за производителите на полјоделски кутлури, кај градинарството 70 милиони денари, 130 милиони денари за овоштарите и 150 милиони денари исплата кон лозарите.

Како што соопшти МЗШВ, млекопроизводителите до крајот на годината на своите сметки ќе ги добијат премиите за произведено и предадено млеко за фазите октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година. Исплата во вредност од 257 милиони денари.

-Преку измени во програмата за директни плаќања субвенциите кон лозарите се зголемуваат од  40.000 денари по хектар се зголемува на 52.000 денари по хектар, а дополнително се креира и нова мерка за поддршка на лозарите за произведено винско грозје предадено во регистрирани капацитети за произвдоство на вино во износ од 1 денар по килограм. За реализација на оваа мерка Владата од буџетот обезбеди дополнителни 62 милиони денари, стои во соопштението.

На денешната тематска владина седница, Владата донесе одлука до 30 декември 2023 да се продолжи рокот за аплицирањето на земјоделците за дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади. Ваквото продолжување следува по барање на земјоделците, со цел навремено аплицирање за дополнителните субвеници, наведува Министерството.

Како што се наведува во соопштението, земјоделците можат да аплицараат за следните дополнителни мерки:

„Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
„Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
„Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
„Мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје“,
„Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
„Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
„Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“

Министерството додава дека земјоделците своите барања ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб страната од АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk.

Tags: Владаземјоделципомошсубвенции
Next Post

Јана Атанасовска со најдобар резултат во историјата на македонското женско скијање

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk