ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) „Полиграф“: Какви дезинформации ширеа порталите по состанокот на Европскиот совет?

December 25, 2023 14:22
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

И последниот декемвриски состанок на Европскиот совет, како и претходните, беше мета на повеќе медиумски дезинформации.

На 15.12.2023 порталот „Република“ објави наслов „Која е Молдавија што почна преговори побрзо од Македонија: Немаат свој јазик, не контролираат половина од територијата“. Истиот ден, и порталот „Пресинг ТВ“ објави наслов: „Молдавија не контролира половина од својата територија, но почна преговори пред Македонија“.

Но, овие тврдења се неточни. Прво, Молдавија зафаќа територија од 33,843.5 km2, а самопрогласената „Приднестарска Молдавска Република“ или Транснистрија, не зафаќа половина од територијата на Молдавија, туку многу помалку. Според Енциклопедија Британика, таа зафаќа  3,500 km2, а според Википедиа, Транснистрија зафаќа 4.163 км2 од вкупната територија на Молдавија од  33,843.5 km2. Затоа, тврдењето дека „Молдавија не контролира половина од својата територија“ е невистинито.

Второ, дали Молдавија почнала преговори „побрзо од Македонија“? Од сајтот на ЕУ се гледа дека Европскиот совет одлучил да ги започне пристапните преговори со Молдавија во декември 2023 година, а со Северна Македонија на 25.03.2020 година.

Молдавија има одлука само од Европскиот совет за започнување на пристапните преговори, а нашата земја одржа и прва „Меѓувладина конференција за пристапување на Северна Македонија“, со која „На 19 јули 2022 година, ЕУ ја започна воведната фаза од пристапните преговори со Северна Македонија“.

Пристапните преговори со Украина и Молдавија не се започнати формално. ЕУ допрва ќе усвојува преговарачки рамки за Украина и Молдавија, и ќе прецизира датум за формално отворање на пристапните преговори. Токму затоа, и тврдењето дека „Молдавија почна преговори побрзо од Македонија“ може да се оцени како невистинито.

И тврдењето во друга вест на порталот Република, „Дека Македонија не ги почна преговорите со ЕУ се потврди и на Самитот на ЕУ каде не бевме дури ни на дневниот ред“ е неточно.  Во заклучоците на Европскиот совет од 14 и 15 декември има посебна точка 18, во која се спомнати уставните измени како услов за комплетирање на воведната фаза од пристапните преговори.

Освен ова, на 8.12.2023, Европската комисија објави дека состаноците за скрининг процесот се комплетирани, што претставува прв чекор во процесот на пристапни преговори. Украина и Молдавија воопшто немаат започнато скрининг процес.

Токму затоа, тврдењата дека Украина и Молдавија започнале преговори пред Северна Македонија претставуваат дезинформации, за кои може да се оцени дека имаат тенденција за поткопување на довербата во ЕУ и негирање на веќе започнатите преговори.

Преземено: СМК

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЗНМ со пријава до МВР за заканите по живот кон Џабир Дерала

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп разгледува нови санкции против Русија

September 7, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Папата прогласи прв светец од Милениум генерацијата, 15-годишник компјутерски специјалист

September 7, 2025

Две тепачки пред угостителски објект во Скопје, приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол

September 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сензација на Евробаскет: Финска ја елиминира Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сабаленка триумфираше на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk