ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Костадиновска-Стојчевска: Вложуваме во збогатување на културната сцена во Демирхисарско

December 25, 2023 20:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Бисера Костадиновска Стојчевска

Бисера Костадиновска Стојчевска

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети и општина Демир Хисар, која припаѓа во регион каде културата има длабока историја и традиција. За тоа, како што информираат од Министерството за култура, сведочат активностите во Домот на културата „Илинден“ каде што работи Библиотеката „Петре М.Андреевски“, а веќе 80 години фолклорот го негува КУД „Илинден“.

Со директорот Славче Велјановски, министерката за култура ги сподели искуствата од развојот на културата во Општината, преку поддршката што оваа локална установа ја има со финасирање на програмите во сите области.

Костадиновска-Стојчевска, се вели во соопштението, истакнала дека за реализирање на идеите на младите од овој крај кои создаваат и во драмскиот аматеризам, и литературната област, како и за здруженијата на граѓани, Министерството за култура издвои еден милион и сто илјади денри.

– Министерството за култура продолжува со поддршка за развој на културата во локалните заедници и тоа дава резултати. Една успешна приказна од таа поддршка е основањето на „Спомен соба на Радио Демир Хисар“ каде е архивирана стара опрема од радиото, фотографии, новинарска граѓа создавана од 1985 до 2005 година-, рече министерката за култура, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

Во Демир Хисар, Министертсвото за култура во областа на музејската дејност, во 2023 година ја поддржа и манифестацијата, Демирхисарска летна школа за археологија, архитектура и уметност.

Библиотеката, што го носи името на еден од најголемите македонски писатели, „Петре М.Андреевски“ има огромна улога за населението од овој крај, а годинава беше поддржана набавката на нови книги со што се зголемува интересот кај читателите и се збогатува фондот од над 40 илјади книги.

При посетата на Демир Хисар, министерката за култура се сретна и со  директорот на НУ „Денови на Смилевскиот конгрес“, Влатко Деловски со кого разговарше за иднината на новата установа која на институционално ниво продолжува да го чува и афирмира историскиот настан значаен за македонскиот народ и спомените на ликот и делото на Даме Груев.

Tags: ДемихисарскоКостадиновска Стојчевскапосета
Next Post
Фото: МИА

Повторени барањата на осмиот протест во Белград

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk