ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Обраќање на Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ по повод рускиот ракетен терор

December 29, 2023 15:36
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Денес државата-терорист – руската федерација повторно изврши масовни ракетни и беспилотни напади врз Украина….Киjив, Лвив, Одеса, Днипро, Харкив, Запорижја и други украински градови. Само во утринските часови тие лансирале повеќе од 158 воздушни цели.

Повеќе од 100 луѓе… цивили  станаа жртви на овие напади. Луѓе коишто се спремале или оделе на работа,  носеле деца во градинки и на училиште, луѓе кои оделе на лекар или да пазарат во трговски центар. Невини животи, уништени судбини, украдена иднина, човечки страдања. И ова е само во текот на денешното утро, инаку,  веќе 647 дена поминаа од почетокот на сеопфатната инвазија на руската федерација во Украина.

Денес се уништени: породилиште, образовни институции, трговски центри, висококатници и приватни куќи, деловни простории, цивилна инфраструктура.

Целиот свет веќе виде дека руските терористи нема да запрат пред ништо, тие имаат за цел да ја уништат Украинската нација, целосно да ја уништат Украина. Русите вршат геноцид врз Украинскиот народ – и тоа пред очи на меѓународната заедница.

Руските злосторства мора да бидат осудени, руските терористи мора да одговараат за бројни убиства, киднапирања на деца, терор…

Во овој момент херојските Украински војници стојат во одбрана на својата татковина, тие секоја минута одбиваат руски напади, но нас потребна ни е помош.

Затоа повикуваме на зголемување на воена и техничка поддршка, на Украина и е потребна помош од сојузниците и партнерите, животите на цивилите и самото постоење на нашата нација зависат од вашата навремена помош!

Мора да станете свесни дека (при најлошото сценарио) русија нема да се задоволи со Украина, доколку не ја спречиме на ред ќе дојдат и други европски земји. Московскиот монструм никогаш нема да се насити!

Украина продолжува да се бори за животите на луѓето, демократските и европските вредности.

Украинците продолжуваат да вршат свој херојски отпор на крвавите руски агресори.

Украина ќе победи!

Слава на Украина! Слава на хероите!

Извор: Цивил Медиа

Tags: обраќањеОлександр Урбановичрускиот ракетен терор
Next Post
Фото: Фронтлајн.мк

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ утре (30 декември) ќе работат од 8 до 16 часот

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk