Во вчерашните руски напади врз Украина, кои беа меѓу најтешките од почетокот на војната, загинаа најмалку 39 лица, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– За жал, во овој момент броиме 39 загинати, напиша денеска Зеленски на социјалните мрежи и изрази сочувство до роднините на загинатите.
Според претходниот биланс од вчерашните руски напади на неколку украински места, загинале најмалку 30 лица, а повеќе од 160 биле ранети.
Вчера наутро Русија лансираше 122 проектили и 36 дронови врз украински цели, што беше окарактеризиран како најмасовен напад од почетокот на војната.
Извор: МИА