ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски: Новогодишната ноќ помина главно мирно

January 1, 2024 13:28
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на цела држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Спасовски информира дека од страна на полицијата имало засилено присуство на терен и биле преземени координирани мерки и активности за одржување поволна безбедносна состојба.

– Имало единствено нарушување на јавен ред и мир или вкупно 12 кривични дела на територијата на цела држава, најчесто недозволена трговија со дрога и едно загрозување на сигурноста. Имаме регистрирани прекршоци по Законот за јавен ред и мир, вкупно 20 во сите сектори за внатрешни работи. Имаме регистрирано два прекшоци по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, има вкупно 8 сообраќајни незгоди со материјална штета на територија на државата, изјави Спасовски.

Ова, како што потенцира, е најмал број на вакви сообраќајни незгоди кои се случиле досега.

– Има останати настани, поплаки кои биле пријавени, вкупно 11. Генерално ако погледнеме и низ територијата на државата, практично по еден, два настани се регистрирани по другите сектори за внатрешни работи. Во СВР Скопје и СВР Тетово  имаме поголем број пријави, со оглед на населението итн., мислам дека апсолутно поволна безбедносна состојба во текот на целата вечер, нагласи Спасовски.

Министерот за внатрешни работи оствари работна средба со раководствата на Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје.  На средбата на министерот Спасовски му беа презентирани активностите кои се преземаат во делот на оперативниот план „Безбеден град“ како и сите  останати полициски активности кои се под нивна надлежност.

Спасовски истакна дека во 2023 година Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје бележат значително зголемување на активности во рамки на воспоставените планови по „Безбеден град“ преку интензивни засилени мерки со цел заштита на сигурноста и имотот на граѓаните, спречување на извршување кривични дела и зачувување на безбедноста на граѓаните.

Министерот Спасовски информира дека во изминатиот период се преземени повеќе мерки и активности поради превентивно делување и спречување казниви дела. Извршена е проверка на идентитет на над 10.800 лица, извршен е преглед на повеќе од 9.500 лица и извршен е преглед на над 5.200 возила, а приведени се вкупно 149 лица.

Во 2023 година македонската полиција заплени повеќе од 100.000 парчиња на пиротехника.

Мининистерот Спасовски им ја честиташе Новата 2024 година на граѓаните и им посака здравје, среќа во семејствата и напредок на државата.

Tags: мирноновогодишна ноќСпасовски
Next Post

Дванаесет години од смртта на претседателот Киро Глигоров

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk