Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки.
Како што соопшти МВР, меѓу санкциите шест се за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло) и седум мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, наведуваат од МВР.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, повикуваат од МВР.