ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Синдикатот најави штрајк доколку Владата не го реализира најавеното разрешување на раководството и членовите на Управниот одбор на М-НАВ

January 5, 2024 12:38
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

По вчерашниот инцидент кога ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, заедно со 8 членови на ДУИ од Чаир упаднале во институцијата и нападнале вработени во радарската соба каде што е сместена обласната Контрола на летање и каде што се водат прелетите,  доцна синоќа Владата информираше дека на иницијатива на премиерот се донесени одлуки за итно разрешување на постоечката ситуација во М-НАВ кои ќе бидат реализирани веќе на следната владина седница.

Како што информираат од Владата, на следната седница, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки:

  1. Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени,
  2. Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.

Дополнително, како што се вели во соопштението, се очекува Ковачевски да го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај  да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ, во интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио-сообраќај.

Од друга страна, членството на Струковиот Синдикат на контролорите на летање – ССКЛ доцна синоќа одржа вонреден состанок, на кој одлучиле дека доколку директорите на Македонската навигација не си поднесат оставки или Владата не ги разреши на првата наредна седница закажа во вторник, следниот ден (10 јануари) ќе стапат во штрајк со затворање на воздушниот простор.

Како што соопшти претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски за вчерашниот инцидент веќе се известени сите меѓународни воздухопловни институции како и синдикати и здруженија на контролори на летање од Европа и очекуваат претставници од истите да пристигнат наскоро како дополнителна помош и поддршка.

М. Д. / Цивил Медиа

Tags: ВладаинцидентМ-НАВРазрешувањеСиндикатштрајк
Next Post

Изборите во ЕУ би можеле да бидат голема пресвртница за европската радикална десница: Коалиции за позиционирање на власт?

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk