ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Достојно го поддржуваме Вевчанскиот карневал, остануваме чувари на македонската традиција и култура

January 9, 2024 15:21
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска се обрати на прес-конференција по повод претстојното издание на традиционалната манифестација „Вевчански карневал 2024“, која од 12 до 14 јануари ќе се одржи во Вевчани.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека Министерството за култура го препознава значењето на Карневалот како нематеријално културно богатство и достојно во континуитет вложува во неговиот развој.

„Пред неколку денови со градоначалникот на Општина Вевчани, Кочовски, склучивме Договор за финансирање на Вевчанскиот карневал во вредност од 1,8 милиони денери. Седумдесет отсто од сумата Министерството за култура веќе ја префрли на сметката на Општината пред почетокот на Карневалот, со цел негова ефикасна реализација. Ја препознаваме вредноста на Карневалот, неговата автентичност како чувар на македонската традиција, култура и историја и како еден од најголемите наши амбасадори во светот“, рече министерката за култура.

На прес-конференцијата се обратија и градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски, и промоторот на манифестацијата, познатиот шоумен Игор Џамбазаов, кои рекоа дека Вевчанскиот карневал е гордост за Вевчани, но и за целата држава.

„Само вака можеме да покажеме дека заедно се грижиме за културното наследство, дека продолжуваме да ги негуваме обичаите што ги претставува Вевчанскиот карневал затоа што со поддршка на Карневалот, кој претставува културна туристичка атракција од овој регион, го поддржуваме иновативниот дух на Вевчани. Морам да кажам дека едвај го чекам и почетокот на самиот Карневал и во исчекување на тоа ново издание на репертоарот од маски, на зетот и невестата, музичарите, ѓаволите, на глупиот Август, како и на новите сатирични коментари кои се здрав коректив на општеството“, посочи министерката.

И годинава манифестацијата ќе биде придружена со богата музичка програма, која почнува на 12 јануари вечерта, а ќе настапат: диџеј Ампов, Јанг Деди, како и Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, а концерт ќе одржи и  популарната група „Нокаут“. Вечерта на 13 јануари е резервирана за народна музика, а на сцената ќе настапат „Акустик бенд“, Наум Петрески и Оркестарот на тапани и зурли од Вевчани и на крајот Перо Волк и Коки Биоритам. Карневалот завршува на 14 јануари со василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаВевчански карневал
Next Post
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов / Фронтлајн

Битиќи: Мерките од Владата дадоа мерлив резултат, инфлацијата во декември е 3,6% што е за околу пет пати пониска од декември 2022 година

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk