Пишува: ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ
Јас сум дете на црно белите телевизори.
На радијата кои се загреваа- лампаши, на грамофонски плочи, аудио касети…и на сите оние мали нешта кои тогаш ни го правеа животот поубав.
Долго време оние цртани филмови кои ги чекав пред телевизор пола саат порано пред да почнат ги гледав у тие две бои.
Да, ги имавме тие црно – бели телевизори а ги гледавме сите бои на овој свет.
Сега имаме телевизори у боја и сè гледаме црно бело.
Се сеќавам на првиот телевизор у боја.
Татко ми и комшијата Веко. Веко од Велимир, роден у Сараево и најдобар другар на татко ми, еден ден се облекоа и заедно отидоа да купат телевизори у боја.
Тоа беше доживљај сам по себе, затоа што у тоа време требаше да имаш пријател у некој магацин за да ти чува телевизор.
Татко ми со Фијат 1300 и Веко со Застава 101 тргнаа да го донесат тоа што дома сите го чекавме.
Конечно стигнаа и секој одма дома на монтирање.
Ние доле, они двајца горе на тераса и местење антена.
– Добро ли е сега?!
– Не, не чини.
– Како бре не чини,…а сега
После како мрднати трчаа од стан у стан да видат кој има појасна слика и поубави бои.
Како само знаевме да се радуваме на тие мали нешта? Како знаевме да го цениме тоа што го имаме.
Една фудбалска топка како поклон за роденден, знаеше да ти го смени животот.
Купената плоча ја слушавме и гледавме во омотот како да гледаме спот, замислувавме илјада слики.
Сега е некако поинаку? Или само мене така ми се чини?
Ниту шеснаесет плати, ниту бонуси и патарини од илјадници евра, ниту луксузни станови, скапи автомобили…ништо не е доволно.
До каде може да оди лакомоста и жедта за пари, за моќ, за позиција?!
Ги гледам како се курчат и се чудам како не им е срам. Морам да кажам дека се исклучително глупи, неизмерно прости, безобразни, арогантни…и на крај смешни и јадни. Никого од тие што ги знаат вистинските вредности не можат да го импресионираат со тоа што го имаат.
Не, не ме нервираат…поише ме нервираат тие што паѓаат на такви будали.
Поише ме нервираат идиотите на кои гореспоменатите им се идоли.
Колку пари ви требаат за да се тргнете и да не пуштите да живееме нормално?
Не разбирам како тоа крадете од мене за да земете плата од илјадници евра и гледате како се чудиме како да си ги платиме сметките, а сте насмеани и среќни?
Дај престанете да нè крадете, „законски” или законски баш ми е гајле само престанете.
Пуштете и другите да земат плата од која ќе може да живеат нормално.
Нормално како во времето кога татко ми и Веко со работничка плата купија телевизор у боја. После ги платија сметките, го платија кредитот за стан и отидовме на петнаесет дена у Грчка на одмор.
– Наставиче се…