Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Коментирајќи го изборот на државен обвинител во Хрватска, Анто Нобило, најпознат хрватски адвокат и поранешен државен обвинител, изјави дека државниот обвинител има огромна моќ.
Кај нас таа функција никогаш немала таква моќ затоа што секогаш била опашка на политичката комета. До господинот Зврлевски кој од опашка ја претвори во вселенски политички пролив на вмро-дпмне. Момент кога заедно со мисиите на Маневски и Мијалков почна растурањето на институционалниот поредок на Македонија.
На државата и нацијата.
Фетаи, можела да биде одбиена како и секој друг кандидат, во некаква, колку-толку рамноправна конкуренција, но таа е одбиена на најбезобразен, јас би рекол, вулгарен, начин, затоа што структурите кои се сметаат за надлежи, не сакале таа убава и паметна, стручна и енергична жена, да дојде во допир со огромната моќ која тие не би можеле или мислат дека не би можеле да ја контролираат.
Тоа е и ништо друго.
Нема да се изненадам ако се покаже дека во хистеријата која ја подгреваат патриотските говњари и етничката припадност одиграла одредена не неважна улога.
Албанка да не гони?!
Нас Македонците!
Формалностите се циничен обид да се покрие недостигот на аргументи против Фетаи.
За какви неписмени и бескрупулозни структури се работи покажуваат образложенијата и при првата кандидатура и во случајот со жалбата на Фетаи.
Не заслужуваат минимум респект.
Само овие образложенија се доволни основи сите нивни решенија да ги сметаме за неважечки.
Не само во однос на Фетаи.
Тоа е.