Јапонската амбасада во Скопје на социјалните мрежи објави видео од јапонски ученици што испраќаат поздрав на македонски јазик, по повод 30 години пријателство на Македонија со Јапонија.
Учениците во средното училиште Таканава во Токио го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор г. Томоки Аојама, се наведува во објавата од Јапонската амбасада.
Ј. Ѓ.