Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Како да ја коментирам изјавата на Мицкоски што ја даде пред почетокот на Вевчанскиот карневал?
Треба да се нема трунка емпатија за да се посака „успешен ден“ и „денот да помине во добро расположение“, како што рече Мицкоски, после онаков трагичен настан кој ги погоди вевчанци.
Се одложија концертите и орото кое традиционално се игра на Вевчанскиот карневал, а се одржаа само поворките со маските за да се задржи традицијата. Вевчанци тагуваа.
Несреќниот случај во кој животот го загуби 19 годишниот син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски и лавината гнасни коментари што следеа на социјалните мрежи од луѓе нелуѓе со кои за жал живееме во иста држава, на иста планета, само беа дополнети од несреќната изјава на несреќникот Мицкоски.
Се заплетка кутриот во својата изјава и си го покажа вистинското лице.
Емпатијата, или ја имаш во себе или ја немаш. Таа е можеби единствената човечка особина која ја прави разликата со другите суштества кои ја покажуваат повеќе како инстинкт.
Лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој претендира да биде некогаш премиер, за жал го нема тоа во себе.
Неможноста да се надмине себеси само ја покажува неговата човечка инфериорност. а грдата маска што не знае да ја соблече ни на вакви трагични моменти покажува со каков човек ние си имаме работа.
Грдо, многу грдо.