ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска: Нови мерки за граѓаните по изборите, во фокусот ќе биде социјално ранливата категорија

January 15, 2024 15:28
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека во тек е имплементацијата на мерките од деветиот пакет на антикризни мерки, а на 23 јануари ќе бидат исплатени и вториот дел од финансиската поддршка и тие ќе се исплаќаат до април.

Таа порача дека по изборите ќе се креираат нови мерки коишто ќе значат поддршка на граѓаните и нови политики за подобар животен стандард за граѓаните. Во фокусот, како што рече, ќе бидат социјално ранливата категорија на граѓани, материјално необезбедените граѓани, работниците, пензионерите со ниски пензии.

-Во фокусот на новите мерки ќе бидат социјално ранливата категорија на граѓани, материјално необезбедените граѓани, работниците, пензионерите со ниски пензии. За пензионерите имаме во план да создадеме мерки кои ќе бидат трајни мерки, но секако не ги забораваме ни младите, односно сите оние коишто се вклучени во процесот на образование, додаде Тренчевска.

Таа се осврна и на усогласувањето на минималната плата како дел од мерката минатата година, при што посочи дека согласно статистичките пдоатоци од страна на Државниот завод за статистика, проекцијата е дека околу 23.000 денари ќе биде висината на минималната плата во државата, што значи дека под тој износ нема да има ниту една плата во државата.

-Тоа е основната плата и на тој износ се утврдуваат минат труд и други додатоци зависно од работната позиција и дејноста каде што е вработен работникот, потенцираше министерката.

Таа посочи дека после 15 години преговори со Синдикатот, потпишен е и новиот општ колективен договор за јавниот сектор.

-Успеавме во 2023 година да го потпишеме колективниот договор за јавниот сектор и тоа е една значајна придобивка за сите вработени во јавниот сектор со оглед на сите дополнителни права кои ги добиваат со одредбите од општиот колективен договор. Пред се, зборувам за одредени сектори кои за првпат добија к-15, а од следната година веќе се проектирани парите во буџетите за сите институции и претпријатија во јавниот сектор да добијат најмалку 30 проценти висина на регресот за годишен одмор, рече Тренчевска.

Next Post

„ПОЛИГРАФ“: Kој испраќа лажни СМС пораки во име на поштата со кои се врши финансиска измама на граѓаните?

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk